Годинава, нека биде Барса

Photo: MKDhandball

Лигата на шампионите во актуелниот формат стана заситено натпреварување и добро е што се размислува и веројатно ќе се воведе проширување кое ќе ја освежи не само со бројот на екипи, туку со новиот формат во кој ќе биде избегнато здодевното и предолго играње на групната фаза од 14 кола.

Годинава, веруваме последен пат ќе го гледаме овој формат, а во прилог на напишаното ќе додадеме само дека една единствена измена има во составот на учесниците во однос на ланската сезона, а тоа е екипата на ГОГ која ја заменува екипата на Фредериција.

Денеска со почеток во 15:00 часот ќе биде извршена ждрепката за следната сезона во ЛШ. Системот е познат, домашните екипи се заштитени, па за македонскиот претставник Еурофарм Пелистер, изборот е или Келце или Висла, Веспрем или Сегед, Нант или ПСЖ, Магдебург или Берлин и ГОГ или Алборг. Освен Нант сите овие екипи веќе беа во Битола минативе две сезони. Ждрепката, досега упорно ја игнорираше можноста Барса да дојде во Битола, па затоа годинава им посакуваме токму Дика Мем, Емил Нилсен да бидат гости во „Боро Чурлевски“. Згора на се, Барса смени 10 ракометари, има многу подмладен тим и ќе биде порамноправно да се игра против нив од досега. Барем на хартија.

Од третиот шешир, Загреб изгледа како најпримамлив противник со оглед на тоа дека и кај нив главните играчи заминаа, заклучно со Тимур Дибиров кој ја заврши кариерата.

ЕХФ најави дека ТВ пренос од ждрепката ќе има на ТВ Арена Спорт 1, но во нивната програмска шема за денеска, не е објавено дека ќе прават пренос.


1. ШЕШИР: Берлин, Барса, ПСЖ, Алборг, Висла, Веспрем
2. ШЕШИР: Магдебург, Нант, ГОГ, Келце, Сегед,
3. ШЕШИР: Е. Пелистер, Динамо, Спортинг, Колстад, Загреб,

Поврзани вести