Камила Херем објави дека има рак на дојка

Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар од сезоната 2016-17, Норвежанката Камила Херем (38) објави шокантна информација дека ѝ бил дијагностициран рак на дојката.
Камила Херем, информацијата ја објави на својот Инстаграм профил. Таа изјави дека пред три и пол недели приметила згрутчување и била свесна дека тоа е нешто што треба да се провери. По направените испитувања и било соопштено дека тоа е всушнст рак на дојка.

„Сѐ уште сум во шок и не знам дали сето ова е реално. Од утре почнувам со хемотерапија“, изјави Херем за норвешките медиуми.

Пораки за поддршка кон Норвежанката која во својата кариера има три злата од ОИ, три од СП и шест од ЕП стигнуваат од целиот ракометен свет.

Photo: Camilla Herrem/Instagram

Поврзани вести