Барса и Магдебург доаѓаат во Битола!

Photo: RK Eurofarm Pelister 

Извршена е ждрепката за групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите во која како и во претходните две сезони, битолски Еурофарм Пелистер ќе ја претставува Македонија.

Безмалки истите екипи од минатата сезона се и сезонава во игра, единствената разлика е што место екипата на Фредериција, вториот дански претстанвник ќе биде екипата на ГОГ Гудме.
Прилично се изменети составите на екипите од ланската сезона, па ќе видиме и многу нови ликови низ овие натпревари. Системот останува ист, две групи со по осум екипи од кои шест екипи од секоја група проаѓаат во следната фаза, а две испаѓаат.

Од тие шест што ќе минат во следната фаза, првите две одат директно меѓу осумте најдобри, додека другите ќе играат Плејоф елиминации пред да стигнат до вистинското 1/4 финале.

Среќата оваа година го смести Е. Пелистер во иста група со следниве екипи:

ГРУПА „А“
АЛБОРГ, ВЕСПРЕМ, НАНТ, КЕЛЦЕ, БЕРЛИН, КОЛСТАД, ДИНАМО БУКУРЕШТ, СПОРТИНГ

ГРУПА „Б“
БАРСА, ГОГ, ПИК СЕГЕД, ПСЖ, ВИСЛА ПЛОЦК, МАГДЕБУРГ, Е. ПЕЛИСТЕР, ЗАГРЕБ


Првото коло од ЛШ ќе се игра на 10/11 септември.


 

Поврзани вести