Скубе ќе игра за Слован

Photo: SEHA 

Новиот шампион на Словенија, екипата на Слован не успеа да добие место во групната фаза на Лигата на шампионите, но ќе игра во групната фаза на ЕХФ Европската лига.

Новиот спортски директор на клубот, Јуре Доленец, склопува екипа што ќе биде конкурентна во ова натпреварување, а првото звучно засилување е поранешниот вардаров плејмејкер Сташ Скубе.
Овој ракометар од 2018-2020 играше во Вардар и стана и европски првак со црвено-црните, а потоа замина во Мешков Брест од 2022 во Монпеље каде што резултатите не беа како во Вардар, а и повредите му го менуваа ритамот.
Сега на возраст од 35 години се враќа во својата Словенија и ќе ја пополни празнината од заминувањето на Јака Малус во Вардар. Во Слован, сигурно ќе биде додадена вредност и искуство во тимот кој по пауза од 15 години одново ќе игра во Европа.

Поврзани вести