ГРК Тиквеш добива место во Европа

Екипата на ГРК Тиквеш ќе добие сигурно место во ЕХФ Европскиот Куп следната сезона согласно регулативите на Европската ракометна федерација.

Откако Алкалоид го освои ЕХФ Европскиот Куп, Македонија по автоматизам добива уште едно место во ЕХФ Европскиот Куп, а ГРК Тиквеш како најдобропласирана екипа во Суперлигата што нема освоено место во Европа, доби право да се пријави и нема да зависи од бројот на екипи што ќе играат во ова натпреварување следната сезона.
ГРК Охрид ќе биде најдоброрангираниот тим од Македонија во ЕХФ Европскиот Куп, а вајлд карта би можел да добие и тимот на Бутел Скопје.
Европската ракометна федерација на осми јули ќе ги објави учесниците и ранг листите за ЕХФ Европската лига и ЕХФ Европскиот Куп, а првата ждрепка ќе биде седум дена подоцна.

Поврзани вести