Португалија и Данска ќе играат за злато на СП У21

Photo: IHF/Kolektiff images

Потругалија стана хит на младинското првенство пред шест години кога на сцената ја извадија генерацијата предводена од Луиш Фраде, Андре Гомез, Диого Силва како наследници на Александре Кавалканти и неговите врсници. Стигнаа до полуфинале, а кога се чинеше дека стигнале до максимумот, на сцената се појавија Мартим Кошта, Салвадор итн. кои стигнаа исто така до полуфинале. Потоа Кико Кошта предводеше репрезентација која ене успеа да освои медал, но еве ги неговите врсници, без него во составот стигнаа до финале на младинско СП.
Без изразити индивидуалци (Португалија во Топ 70 стрелци има само еден играч и тоа на 42 место), новите Португалци во полуфиналето, во еден од најдраматичните натпревари го елиминираа тимот на Фарски Острови по две продолженија, со одбранет пенал во последната секунда.

Во финалето, Португалците за противник ќе ја имаат Данска која исто така по продолженија успеа да ја совлада селекцијата на Шведска.

Финалето ќе се игра утре со почеток од 19:30 часот, а од 17:00 часот, историски натпревар за медал ќе играат Фарски острови против тимот на Шведска.

 

Поврзани вести