Денеска се игра за јуниорското злато

Photo: IHF/Kolektiff

Репрезентациите на Данска и Португалија вечерва od 19:30 часот ќе ја почнат борбата за златниот медал на СП У21, а два и пол часа порано за бронзениот медал ќе играат репрезентациите на Шведска и Фарски острови. 

Три скандинавски екипи во првите четири се доволно јасен показател во кој правец оди ракометот и каков е трендот што ги носи посакуваните резултати, иако целта кај понапредните репрезентации не се само резултатите мерило, туку формирање на екипа што ќе може да даде кадар за сениорската репрезентација. 
Во спротивно, Португалија можеше да го доведе и Франциско Кико Кошта на овој мундијал, а од друга страна потенцијалите на пример на Барса и репрезентацијата на Шпанија, а тоа се браќата Цикуша и Јан Баруфет учеа тешка лекција и прв пат видоа како е да се губи. 

Данска ќе ја понесе улогата на фаворит вечерва, иако Португалија која е повеќе од шест години во самиот врв на ЕП или СП, не е без шанса, а и покажа дека може да се носи со скандинавскиот стил на играње. Данскиот систем или португалската школа, во 60 минути ќе биде одговорено и тоа прашање. 

 

Поврзани вести