-
29.6.2025
-
Планета ракомет
Photo: RK Alkaloid/Filip Viranovski
Откако заврши со обврските околу учесниците и ждрепката во Лигата на шампионите, Европската ракометна федерација следнава недела ќе се фокусира на формирање на другите две натпреварувања, ЕХФ Европската лига и ЕХФ Европскиот Куп.
Вардар 1961 е преставник на Македонија во ЕХФ Европската лига, го зазема местото на Пелистер кој е надграден во Лигата на шампионите и ќе игра во групната фаза. Место, во пракса надградба од ЕХФ Куп во ЕХФ Европската лига, побара Алкалоид.
Во ЕХФ Европскиот Куп, ГРК Охрид е претставник според пласманот на табелата, а откако Алкалоид стана победник на ова европско натпреварување, без оглед на тоа во кој куп се натпреварува, Македонија добива уште едно место. Тоа значи дека ГРК Тиквеш директно ќе биде пласиран, а вајлд карта бара Бутел Скопје.
Како ќе биде формирана ЕХФ Европската лига и како ќе биде формиран ЕХФ Европскиот Куп зависи од повеќе фактори, првенствено од бројот на пријавени екипи и бројот на екипи што побарале надградба.
Тука постојат неколку моменти, меѓу кои ранкингот, дали екипата што бара надградба е првак на државата итн. Постојат посебни квалификации, постојат и отстапки поврзани со бројот на екипи каква што беше направена на пример за Војводина лани која доби директно место во групната фаза.
ЕХФ ќе има доста за комбинирање со оглед на тоа дека Србија, Швајцарија, Шведска и Словачка на пример немаат рејтинг за да имаат екипа во ЕХФ Европската лига. Но, сепак, Кадетен, Партизан, Татран сигурно нема да се пријават во ЕХФ Европскиот Куп. За овие клубови би требало да има посебни квалификации што ќе ги играат меѓусебе, а поразените да продолжат во ЕХФ Куп. Шведска е посебна приказна, таму првакот Истад се откажа од играње во Европа, вицепрвак е Кристијанштат, а екипата на Карлскрона која е четвртопласирана објави дека ќе игра квалификации за ЕЛ.
Во тие квалификации прворангиран тим во првиот шешир, би требало да биде актуелниот освојувач на ЕЛ, Флензбург.
Сите детали ги има единствено ЕХФ и како ќе изгледа финалната листа на учесници и кои екипи ќе играат квалификации, се предмет на пресметки во Виена.
Нема да чекаме уште долго, на осми јули ќе бидат презентирани листите на учесници согласно ранкингот во ЕЛ и ЕХФ Куп. Една недела подоцна е ждрепка за квалификациите, три дена по таа ждрепка е ждрепката за групната фаза.
ПОВАЖНИ ТЕРМИНИ ЗА ЕВРОПСКИТЕ КУПОВИ
24.6.2025 – Краен рок за пријавување во ЕХФ Европска лига и ЕХФ Куп
08.7.2025 – Официјална објава на учесници и ранг листа во ЕХФ Европска лига и ЕХФ Куп
15.7.2025 – Ждрепка за квалификации за ЕХФ Европска лига и ЕХФ Куп (1 и 2 коло)
18.7.2025 – Ждрепка за групна фаза од ЕХФ Европска лига
30/31.08 – Квалификации Европска лига 1 меч
06/07.09 – Квалификации Европска лига 2 меч, 1 коло ЕХФ Куп - прв натпревар
14.10.2025 – Групна фаза 1 коло ЕХФ Евопска лига
13/14/10. - 1 коло ЕХФ Куп, реванш натпревар
Поврзани вести