Историја: Фарски острови освоија медал на СП!

PHOTO: IHF/KOLEKTIFF

Светското првенство У21 што се игра во Полска ќе биде запишано со златни букви во ракометната историја на Фарски острови.
Иако веќе не се изненадување во ракометниот свет, денеска успеаја да се надминат и да напишат историја. Прв пат Фарски острови освои медал на ракометно СП. Фарски острови денеска играа за бронза против репрезентацијата на Шведска и победија 27-26, на натпревар на кој клучен беше периодот од 43-48 минута во кој Фарски острови од 18-18 стигнаа до 22-18 и потоа без поголеми драми го приведоа мечот до крајот. Фарски водеше 27-24 во 59 минута, па последните два гола на Швеѓаните беа повеќе шминка отколку напади за пресврт.

Петтото место го освои Германија со победа над Египет, а седмото Словенија со победа над Норвешка.

Поврзани вести