Данска е нов светски У21 првак!

PHOTO: IHF/KOLEKTIFF

ФИНАЛЕ НА СП У21:
ДАНСКА - ПОРТУГАЛИЈА  29-26 (14-10)
Ф. Педерсен 9, М. Педерсен 6, - Брандао 6, Фереира 5


Репрезентацијата на Данска е новиот светски У21 првак. Во финалето на мундијалот што се одржа во Полска, Данците беа подбри во текот на целиот натпревар за на крајот да запишат победа од 29-26 (14-10) над репрезентацијата на Португалија.

Веста дека Данска е светски првак во ракомет, веќе и не е вест, дури посензационално би звучело кога нема да биде. Со години на тоа нѐ навикнува нивниот сениорски тим, а сега им се приклучија и јуниорите.

Данска во јуниорска конкуренција последен пат светски првак беше пред 20 години кога во нивниот тим играа Мортен Олсен и Рене Тофт Хансен, а во кадетска конкуренција пред 12 години, кога за нив играа Никлас Киркелоке, Симон Халд, Магнус Ландин.

Поврзани вести