Лајпциг го бара Раул Алонсо, тренерот на Е. Пелистер

Фото: РК Еурофарм Пелистер
 

Раул Алонсо, тренерот на Еурофарм Пелистер е првиот фаворит за клупата на бундеслигашката екипа Лајпциг открива германскиот Bild.


Пет порази по ред на крајот на сезоната, само две победи во последните 14 кола и на крајот 13 освоено место во првенството се причината поради која бундеслигашката екипа Лајпциг се раздели со тренерот Рунар Сигтригсон веднаш по завршувањето на сезоната.
Оттогаш се во потрага по тренер, а германскиот медиум тврди дека топ кандидатот за клупата на Лајпциг е шпанскиот тренер Раул Алонсо, во моментов тренер на македонскиот првак Еурофарм Пелистер.

Прво беше Николас Крицкау, екс тренерот на Флензбург, потоа Оскар Карлен од шведскиот Истад, но и со двајцата не беше постигнат договор. Следниот топ кандидат е Раул Алонсо, тренерот на Е. Пелистер.
Раул Алонсо има работено во Бундеслигата, меѓудругото и како асистент тренер во Кил, но тој има договор со Е. Пелистер до јули 2026 и нема да биде бесплатен како на пример Оскар Карлен, пишува Билд.




 

Поврзани вести