Скапиот ЧСМ Букурешт, одново менува тренер

Photo: Frank Haug/Wikimedia

Еден од најскапите ракометни проекти во женскиот ракомет, воопшто, романскиот клуб ЧСМ Букурешт остана без тренер пред почетокот на подготовките за следната сезона.

Хеле Томсeн од Данска беше нивни тренер (по втор пат) минатата сезона, но во меѓувреме таа се договори за селекторската позиција во женската репрезентација на Данска и летово реши да го раскине договорот со ЧСМ Букурешт.

Не нејзиното место, иако сѐ уште неофицијално, одново ќе биде Адриан Василе кој постојано во кариерата мигрира од една позиција на друга во клубот.

 

Поврзани вести