Заминаа играчи тешки 143 пехари!

Photo: FC Barcelona

Големите промени во Барса, летово опфатија и двајца легендарни ракометари. Тоа се Гонзало Перез де Варгас, новиот голман на Кил и Аитор Арињо новото крило на Фуксе Берлин.

Овие двајца ракометари комбинирано имаат освоено вкупно 143 пехари со Барса. Варгас има освоено 69, а Арињо има 73 и од клубот заминува како индивидуален рекордер по бројот на освоени пехари, втор на сите времиња во целиот спортски колектив, единствено зад легендарниот голман во хокеј на трева.














 

Поврзани вести