Белорусин на линијата во Младост Богданци

Фото: Каи Зилант

Екипата на Младост 1977 Богданци, подготвува за следната сезона екипа која би требало да игра една од клучните улоги во Првата лига и ќе биде фаворит број еден за пласман во Суперлигашката конкуренција.

Младост денеска го промовираше четвртото засилување, второ странско во своите редови. Овој клуб во минатото беше познат по селекцијата на ракометари од Источна Европа, особено од Белорусија (Телепњев, Подосинов), а врските дали стари или нови, одново функционираат и во редовите на богданчани сезонава се сели Никита Соколов, пивот на возраст од 21 година кој е ракометар од вториот тим на Мешков Брест, а минатата сезона натапуваше за екипата на рускиот второлигаш Каи Зилант.
Лазар Адамовиќ, Даниел Андоновски и Гоце Аргиров се другите тројца нови ракометари на клубот од Богданци, кој ќе има и нов тренер, а тоа е Горан Андоновски.

Поврзани вести