-
02.7.2025
-
Планета ракомет
Иранскиот голман Сеид Хеидарирад беше еден од најдобрите играчи на Партизан во нивната успешна мисија да станат шампиони, но најскапиот. Во меѓувреме во екипата дојде српскиот голман Андреј Трнавац и Хеидарирад наскоро треба да стане слободен играч, пишуваат српските медиуми.
Литванската екипа Клаипеда Драгунас, беше елиминирана од доминантниот Алкалоид во ЕХФ Европскиот Куп, но не се посрамоти со играта и на двата меча и прикажа допадлив и брз ракомет. Тие минатата година беа предводени од шпанскиот тренер Хозе Виланева, а на крајот на сезоната се збогуваа со него и ангажираа нов шпански тренер.
Следната сезона ќе ги води Оскар Гутиерез Агилар, тренер што има работено со репрезентациите на Шпанија.
Грчкиот тим АЕК Атина, противникот на Алкалоид во финалето на ЕХФ Европскиот Куп го промовираше новиот тренер, Португалецот Руи Силва. По скандалот што го режираше во финалето, оваа екипа е суспендирана од Европа и нема да игра во меѓународните купови следната сезона. Но, задржа неколку ракометари од стариот состав.
Продолжение на соработка потпишаа германскиот пивот Ерик Шмит, левото крило Сулејмани Туре, а остануваат и домашните Кукулас, Властос, Панајотис и Арабацис.
Ново име е египетскиот плејмејкер Омар Салем.
За разлика од ривалите од Ано Лосиу, новиот грчки првак, Олимпијакос ја продолжи соработката со италијанскиот тренер Рикардо Трилини. Во редовите на клубот од Пиреја остануваат Иван Вида и Стефанос Михаилидис, а заминуваат Димитрис Цирас и Георгиос Папавасилис.
Францускиот клуб Нант го откупи од данскиот Скјерн договорот на голманот Кристофер Бонде и тој една година пред истекот, во јуни 2026 ќе замине од данскиот клуб и ќе му се приклучи на францускиот вицешампион. Актуелни голмани на Нант минатата сезона беа Иван Пешиќ и Игнасио Биоска.
Поврзани вести