Нант го промовираше Турченко

Photo: HBC Nantes

Екипата на Нант го промовираше своето ново засилување, украинскиот бек Игор Турченко. Тој доаѓа од редовите на Лимож и ќе остане во Нант најмалку до 2029 година.

Игор Турченко е лидерот на украинската репрезентација, која се соочува со проблеми од поинаков тип, а тој е син на Сергеј Турченко кој голем дел од кариерата мина во Македонија, главно во екипата на Младост Богданци. Беше и македонски репрезентативец. И неговата мајка играше за Млаз, неговиот брат исто така во Младост и Прилеп...

 

Поврзани вести