Нов договор за поранешниот македонски репрезентативец

Photo: HSG Xentis Bärnbach/Köflach

Поранешниот македонски репрезентативец Ристо Арнаудовски потпиша продолжување на соработката со австриската екипа Бернбах и ќе биде на чело на клубот од Штаерска и следната сезона.

Управата на Бернбах проценила дека Арнаудовски го зајакнал тимскиот дух и добро ја завршил својата работа и му понуди нов договор. Екипата минатата сезона во последен момент успеа да се избори за опстанок и Плејаут шампионатот го заврши на претпоследното место до само еден бод повеќе од екипата на Вест Виена која испадна од лигата.




 

Поврзани вести