Манасков останува во Еурофарм Пелистер

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Во исчекување екипата на Еурофарм Пелистер да ги одигра своите потези на маркетот и да донесе нови ракометари во пресрет на следната сезона, денеска битолчани информираа за продолжение на соработката со искусното крило Дејан Манасков.
Ни причинува задоволство што уште еден победник и ракометар со големо акумулирано искуство ќе настапува за Еурофарм Пелистер во домашните натпреварувања и Лигата на шампионите“, обајви Е. Пелистер.

Дејан Мансков во екипата дојде пред две сезони и двапати стана првак со битолската екипа. Новиот договор е со важност од една година во која повторно ќе има шанса да настапува во Лигата на шампионите.

Поврзани вести