Шест романски клуба се повлекоа од најсилната лига

Фото: РФМ

Романските лиги, особено женската се шампионати каде што буџетите се милионски. На пример во ланскиот шампионат, последната екипа во првенството, а ги имаше 16, имаше буџет од околу еден милион евра.

Најавеното кастрење на буџетите во јавната администрација од 30% имаше силен импакт врз ракометните клубови, главно финансирани од општините.
Годинава дури 6 екипи се откажаа од играње во најсилна конкуренција и нивните првенства сега ќе бројат по 12 екипи.
Во машка конкуренција се откажаа екипите на Одорхеи за која имаат настапувано македонските репрезентативци Горан Кузманоски, Лазе Мајнов, Митко Стоилов и Стојанче Стоилов. Другите три екипи Бакау, Фочани и Орадеа, а во женска конкуренција тоа се тимовите на Плоешти и Стинта Букурешт.










 

Поврзани вести