Трефилов: Го глумат Сократ, а немаат поим што се случува на терен

Photo: IHF

Секој збор – бисер или „бисер“. Еден од најмаркантните, најгласни но и најуспешни тренери на денешницата е Евгениј Трефилов. Легендарниот селектор на женската зборнаја има таква харизма што безмалку секогаш кога дава изјава, насловот автоматски се пишува.
Во интервју за прес службата на Звезда, Трефилов се осврна и на денешните тренери, генерациски помлади.

 

„Во последно време ги набљудувам тренерите. Ќе клекнат на едно колено, ќе заземат некоја мислителска поза како да се Сократ, а немаат поим што им се случува на теренот.
Екипата им гори. А тие што прават?
Се смеам, пакувај куферите, фаќај станица и бегај!Од тренерот зависи како ќе се одвива натпреварот. Ако гориш заедно со екипата, играчите ќе го почувствуваат тоа и ќе те поддржат.

Поврзани вести