Војводина ескпресно го раскина договорот на Ивиќ

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Хрватскиот голман Филип Ивиќ кој минатата сезона го бранеше голот на македонскиот шампион Е. Пелистер летово направи трансфер во српскиот клуб Војводина и беше претставен како големо засилување за новосадските црвено-бели чија цел е враќањето на шампионскиот пехар. 

Но, Филип Ивиќ направи непростилив грев во очите на српскиот клуб затоа што бил на концертот на контровезерниот хрватски пејач, Марко Перковиќ -Томсон. 

Денеска Војводина објави итно соопштение за јавност во која информира дека неговиот договор е раскинат.

„За нас како клуб кој го носи грбот на српскиот народ, тоа не е и не може да биде прифатливо. Во РК Војводина нема и нема да име место за некој што присуствува на настан што ги навредува спомените на илјадници невини жртви“, стои меѓудругото во објавата на српскиот вицепрвак 


 

Поврзани вести