-
07.7.2025
-
Македонски ракомет
Photo: RK Vardar 1961
Ракометна Македонија е добра отскочна даска за ракометари, главно не многу познати за кои играњето во македонските клубови често е отвроен пат кон Европа. За жал многу повеќе за странските ракометари кои доаѓаат отколку за домашните.
Како минаа и како минуваат суперлигашките засилувања кои играа за попознатите македонски клубови последниве неколку сезона, со акцент на последната?
Португалецот Нилтон Мело и кубанското крило Ансер Родригез по настапите за Вардар, ќе играат заедно и во втората француска лига, во екипата на Каен.
Од екипата на Каен, пак, заминува друго познато име, францускиот бек Руди Сери кој настапуваше за екипата на Е. Пелистер.
Себастијан Хенеберг, поранешниот ракометар на Е. Пелистер замина од екипата на Фредерција и следната сезона ќе го носи дресот на екипата на Скандерборг.
Холандскиот пикер Ларс Коиј, од редовите на Вардар се пресели во германската екипа Бергишер.
Од екипата на Фредериција замина уште еден поранешен ракометар на Е. Пелистер – Рение Табоада, тој направи трансфер во португалската екипа Бенфика.
Нигерискиот бек Ани Обина од екипата на ГРК Тиквеш, премина во редовите на францускиот второлигаш Билер.
Игор Арсиќ од екипата на ГРК Тиквеш преминува во редовите на солунскиот тим ПАОК.
Павле Петровиќ, десниот бек на Е. Пелистер следната сезона ќе настапува во Австрија, во екипата на Линц.
Поранешниот пикер на екипата на Бутел Скопје, Владимир Јефтиќ, по една сезона мината во екипата на Врање прави трансфер во шампионскиот тим на белградски Партизан.
Левото крило на Вардар, Марко Срдановиќ уште пред да заврши сезоната имаше договор во џеб со српскиот тим Војводина.
Филип Ивиќ од Е. Пелистер исто така имаше потпишано договор со екипата на Војводина, но тој беше на концерт на контроверзниот хрватски пејач, Томсон, потоа сподели и видеа од концертот и тоа му донесе експресен раскин на договорот со српскиот тим.
Двајца македонски ракометари, Марко Мишевски кој настапуваше за францускиот Курњон и Бојан Маџовски кој играше за белградски Партизан според нашите информации во моментов се слободни играчи.
Поврзани вести