РФМ дозволи девет странци во Суперлигата

Ракометната федерација на Македонија ја аминуваше одлуката следната сезона во Суперлигата да има еден странец повеќе. Од осум на девет се зголемува бројот на интернационалци што ќе играат во домашното првенство.
 

По предлог од страна на клубовите од машката Супер лига на конференција на клубови одржана на ден 18.06.2025, управниот одбор ја донесе следната одлука:
Во сезона 2025/2026 бројот на странски ракометари на натпревар во завршниот дел од сезоната (Плеј Оф-Плеј Аут) во домашното првенство може да биде 9 (девет) ракометари.
Од вкупната бројка на странски ракометари право на настап имаат 6 (шест) ракометари кои што имаат настап за својата национална репрезентација во било која селекција (сениорска, младинска, кадетска).
Од вкупната бројка на странски ракометари 3 (три) ракометари да можат да настапат без ограничување од претходната точка по слободен избор на клубовите.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија


Грото од македонски клубови, немаат пари ни за домашните играчи, а не пак за деветти странец во тимот, но и тие гласаа со исклучок на еден клуб, за зголемување на бројот на странците.

Одлуката е на штета на определбите за инвестирање во домашни играчи и место да се размислува за подобри услови за развој на домашните, особено за помладите играчи, поттикнување на тренерите и клубовите да работат на домашниот производ - одбраниот пат е спротивниот. Посебно затоа што тешко е за верување дека и оваа бројка ќе ги задоволи апетитите, туку е само почеток.
Дека суштински ќе се сменат многу работи на теренот – нема да се сменат. Затоа што ако осум странци не вршеле доволно работа, деветтиот сигурно ќе ја заврши.

Тоа, пак, што е наведено дека е на барање на клубовите и дека ќе важи само за Плејоф и Плејаут воопшто не ја иззема од одговорност РФМ за промената на правецот по ова прашање.
 

Поврзани вести