АЕК доби уште една казна од ЕХФ

Фото: Mkdhandball

Не биле проблематични гостувањата на грчкиот АЕК во ЕХФ Европскиот Куп само на натпреварите во Скопје и во Белград. И во полуфиналето на ова натпреварување, на натпреварот што се играл во Љубушки, БиХ меѓу Извиѓач и АЕК имало влегување на терен на публика. Двата тима се казнети со по 3500 евра, а екипата од БиХ е казнета и со дополнителни 4000 евра затоа што нивните фанови фрлале секакви предмети на теренот.

За сличен инцидент е казнета и романската екипа Браила. Таму, пак, по натпреварот со данскиот тим Икаст, судиите биле испрскани со вода.

Парични казни добија и федерациите на Хрватска и Полска затоа што не дошле на задолжителен состанок за ЕП 2026 и за Естонија која немала лиценциран тренер на квалификациски натпревар.

Поврзани вести