Фото: РК Алкалоид/Филип Вирановски
Во вторник на 15 јули ќе биде извршена големата ждрепка во Европските купови која ги опфаќа првите две кола во ЕХФ Европскиот Куп и квалификациската ждрепка во ЕХФ Европската лига.
Македонија ќе има пет претставника во овие две натпреварувања, четири од нив во вторник ќе ги добијат првите противници.
Актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп, РК Алкалоид донесе бенефит и со ранкингот и со бројот на места во Европа за македонскиот клупски ракомет, иако самиот не виде некакво фајде во поглед на рејтингот од освоениот пехар.
Напротив, ја извлече картата „ризик“ и оди во квалификациите за ЕХФ Европската лига и тоа во вториот шешир од каде што во вторник ќе го чека името на противникот со кого ќе го играат првиот меч на сѐ или ништо сезонава.
Од составот на можни противници отскокнува едно име – Хановер Бургдорф. Овој клуб беше во игра и за шампионскиот пехарво Бундеслигата, но во последните седум кола освои само еден бод и на крајот заврши на шестото место, со само три бода помалку од победникот на ЕХФ Лигата – Флензбург.
Сите други екипи се помалку – повеќе екипи со кои Алкалоид би требало да биде рамноправен. Секако дека не е пријатно да се игра против екипа од Данска или Шпанија како и да се вика, но од целиот список како посакувани би ги издвоиле Глогов од Полска, Берн од Швајцарија, можеби и шведскиот Малме...
РК АЛКАЛОИД:
Хановер - Бургдорф (Германија), Маритимо де Мадеира (Португалија), БМ Торелавега (Шпанија), Морс-Ту (Данска), БСВ Берн (Швајцарија), ХК Малме (Шведска), МРК Сесвете (Хрватска), Стјарнан (Исланд), Хробри Глогов (Полска), РК Горење Велење (Словенија) и АБЦ де Брага (Португалија)