Дизингер во потрага по нов клуб

Photo: Seha League

Германскиот ракометар Кристијан Дизингер е еден од одбраните играчи чие што име во македонскиот спорт секогаш ќе биде поврзувано со победничкиот пехар на Вардар од Лигата на шампионите од 2019 година. 
Германецот си ја одирга својата улога коректно од 2018-2020 година, а потоа замина за Динамо Букурешт, кратко играше во Катар, потоа се врати во Европа, во Унгарија каде што настапуваше за тимовите на Плер и Татабања. 
Летово, неговиот договор со екипата на Татабања истече и нивните патишта се разијдуваат. 
Татабања веќе го промовираше својот тим за следната сезона, без Дизингер во комбинација, а 33 годишниот бек за германските медиуми изјави дека планира да продолжи да игра и дека е во преговори со клубови. Враќањето во најсилната светска лига е сериозна опција, но и дека не значи дека ќе се врати во Бундеслигата. 

Поврзани вести