Хановер доведе трет пивот

Photo: Die-Recken

Екипата на Хановер Бургдорф, противникот на Алкалоид во квалификациите за пласман во групната фаза на ЕХФ Европската лига ангажираше уште еден ракометар во пресрет на сезоната.
Хановер комплетираше трио пикери, а на Јустус Фишер и Томас Солстад им се приклучува 20 годишниот Луис Родригез.
Овој ракометар се води како дел од подмладокот на Хановер, а следната сезона ќе ја игра со двојна регистрација и ќе го дели играчот со екипата на Ајнтрахт Хилдесхајм, член на третата лига.

Поврзани вести