ВЕСТИ: Гргиќ сам си плати отштета, Кил најде нов пикер...

Photo: © Max Petershans / CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons)


Екипата на Кил најде замена за повредениот пикер Хенрик Пекелер. Нема да има враќање од пензија за Патрик Винцек кој веќе ужива во пензионерските денови ловејќи риби, туку пикерот на Штутгарт, Лукас Лаубе (фото) доаѓа да ја пополни празнината во редовите на зебрите, а тоа ќе ги чини неофицијално, 180.000 евра.

Екипата на Олимпијакос покрај аргентинскиот бек Кањете и Италијанецот Скарамели, се засили и со левото крило Линдор Песо. Тој е ракометар од Израел и доаѓа од екипата на Холон.

Најдобриот бундес-стрелец Марко Гргиќ беше еден од најбараните ракометари летово. Но, иако беше една од главните ѕвезди на преодниот рок, на крајот излезе дека од свој џеб си платил дел од отштетата од неофицијално 400.000 евра, за да премине од Ајзенах во редовите на Флензбург.

За да ја пополни празнината на пивтоменскта позиција откако им замина еден од двајцата главни линиски играчи, екипата на Порто го ангажираше францускиот пикер Тими Пети од екипата на Лимож.

Навивачите на Келце организираа протести против изборот на Дамиан Дробик за нов претседател на клубот. Притисокот успеа и Дробик кој патем е бивш играч на Висла Плоцк, место промоција и потпис на договорот се повлече од кандидатурата.










 

Поврзани вести