Јуниорките ќе играат за избегнување на фенерот

Фото: РФМ

Женската јуниорска репрезентација на Македонија на тековното ЕХФ Еуро, прво што се игра со 24 екипи во недела на пладне ќе го одигра последниот натпревар.

Тој меч ќе биде за избегнување на 24 место или т.н. „фенер“, а противник ќе ни биде репрезентацијата на Литванија. Со нив ќе играме по втор пат на првенството, а тие се воедно и единствената репрезентација против која Македонија не загуби на ова првенство туку одигра нерешено 29-29.

На последниот меч победник мора да има, па ќе остане да забележиме дали шампионатот ќе го заокружиме без триумф или со почесна победа.











 

Поврзани вести