Барса доби вајлд карта за Супер Глоуб

Photo: IHF

Екипата на Барса доби вајлд карта за настап на 18 Светско клупско првенство, порано познато како Супер Глоуб што ќе се одржи во Египет од 26 септември до 2 октомври годинава.
Барса годинава стигна само до 1/2 финалето на ЛШ, па се претпоставуваше дека европскиот вицепрвак Берлин или пак победникот на ЕХФ Евопската лига, Флензбург да бидат патниците во Каиро. Но, никому нема да смета тоа што Барса ќе игра на овој турнир, туку дискусиите беа дали екипата на Калифорнија Иглс од САД заслужува да се најде на овој турнир. Овој клуб не учествувал во систем на натпреварување, прашање е дали воопшто и има стандарден играчки ростер, но победи на северноамериканските и карипски квалификации и ќе се појави во Египет, по втор пат во нивната историја.

Супер глоуб
Домаќин: Замалек (Еги)
Актуелен првак: Веспрем (Унг)
Азија: Шарјах (ОАЕ)
Африка: Ал Ахли (Еги)
Европа: Магдебург (Гер)
Ј. Америка: Таубате (Бра)
С. Америка: Калифорнија (САД)
Океанија: Сиднеј (Авс)
Вајлд Карта: Барса (Шпа)

 

Поврзани вести