Почнаа подготовките и за Вардар

Фото: РК Вардар 1961

Стартуваше сезоната и за вицепрвакот Вардар 1961 со тренирање во групи и медицински прегледи.
Новиот тренер на тимот, Иван Чупиќ на првиот тренинг имаше дел од ракометарите кои почнаа со работа со кондициониот тренер, а другите треба да ги минат задолжителните медицински прегледи.
Сите ракометари на кои клубот смета сезонава се во Скопје. Во следните денови ќе се завршат сите прегледи, а потоа од понеделник почнуваат и тренинзите во сала.

Потоа екипата заминува на висински подготовки, а до крајот на месецот треба да се одиграат и неколку контролни натпревари, и турнири.

Пред почетокот на сезоната ќе се одржи и мечот од Супер Куп, на 3 септември. Местото на одигрување дополнително ќе биде одредено, објави денеска Вардар.

Поврзани вести