Фото: РК Еурофарм Пелистер
Актуелниот првак на Македонија во фото-финиш го затвори играчкиот ростер и го реши горливото тренерско прашање и по месец и пол пауза повторно е на собир. Битолчани направија шест играчки замени од типот дојдоа-заминаа, но костурот генерално остана истиот. Сезонава ќе имаат на хартија посилна одбранбена линија од претходната сезона, во напаѓачкиот дел се „тука некаде“. Разликата треба да ја направи Рубен Гарабаја, шпанскиот тренер кој вчера прв пат се запозна со својата нов екипа.
Битолскиот клуб објави во јавност за почетокот на подготовките:
Минаа 45 дена од последната активност за сезоната 2024/25 и прославата на шампионската титула во Битола и ракометарите на Еурофарм Пелистер повторно се во работна атмосфера. Денес со работен состанок во спортската сала „Боро Чурлевски“ беше означен старт на сезоната 2025/26. На средбата беа претставени новиот тренер Рубен Гарабаја и дел од новите ракометари во ростерот. Ибрахим Калед Валис, Ник Хенигман и Рудолф Хекберт ќе се приклучат викендов за медицинските тестови.
На ракометарите им се обрати спортскиот директор Звонко Шундовски, а тренерот ја претстави својата програма на работа за ова лето.
Во првата фаза од подготовките ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе се подготвуваат во Битола, а централната фаза ќе ја реализираат од четврти август на Златибор. Таму ќе се бруси формата десет дена и ќе се одиграат првите контролни натпревари. По враќањето во Македонија, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе учествуваат на турнирите во Охрид (19-23 август) и Скопје (28-31 август).
Првите официјални натпревари Еурофарм Пелисгер ќе ги одигра во септември. Суперкупот на Македонија против Вардар 1961 на 3 септември.
Ростер на Еурофарм Пелистер за сезоната 2025/26:
Голмани: Никола Митревски, Саид Хаидарирад, Давид Брестовац
Леви крила: Дејан Манасков, Петар Атанасијевиќ, Цветан Кузманоски
Леви бекови: Филип Кузмановски, Ник Хенигман, Павле Атанасијевиќ
Средни бекови: Домен Тајник, Мирче Калајџиески, Алем Хаџиќ
Десни бекови: Усама Хосни, Нејц Цехте, Анџеј Видомски
Десни крила: Богдан Радивојевиќ, Рудолф Хекберт,
Кружни напаѓачи: Ибрахим Калед Валис, Жарко Пешевски, Самоил Ристевски
Дефанзивец: Илија Абутовиќ
Стручен штаб:
Тренер: Рубен Гарабаја Аренас
Асистент тренер: Алексо Лембанов, Александар Марковски, Тренер на голмани: Ице Соколески
Спортски директор: Звонко Шундовски
Физиотерапевт: Небојша Василевски, Николче Митревски
Дојдоа:
Ибрахим Калед Валис (Бешикташ), Саид Хаидарирад (Партизан), Мирче Калајџиески (Еурофарм Пелистер 2), Рудолф Хекберт (Куенка), Ник Хенигман (Шарт), Анџеј Видомски (Гвардиа Ополе)
Заминаа:
Емилијан Ѓорговски, Урош Борзаш и Ненад Костески (Алкалоид), Мохамед Мамдух Шабиб, Филип Ивиќ, Павле Петровиќ (Линц)