ГРК Тиквеш го промовираше тимот за новата сезона

Фото: ГРК Тиквеш

Екипата на ГРК Тиквеш годинава поминува низ поголема раскрсница на која по различни правци тргнаа поголемиот број на нивни играчи меѓу кои и неколку носители на играта од минатите неколку сезони.

Ги немаше во јавноста кавадарчани доволно долго па се легитимизира прашањето што се случува во клубот и каков ќе биде нивниот играчки кадар следната сезона. Само тука и таму понекоја неофицијализирана информација. Деновиве кавадарачни преку социјалните мрежи го објавија составот за следната сезона во кој има неколку странци со квалитет што ќе го видиме наскоро на македонската сцена.

- БЛАШКО БАКЕВ – голман
- МАРЈАН ВЕЛКОВ – голман
- ВАСИЛИЈЕ ПЕЧУРИЦА – голман
- ДИМИТАР КОЦЕВ – лево крило
- ДИМИТРИЈ АНГЕЛОВ – лево крило
- МАРТИН МАНАСКОВ – лев бек
- ТОМЧЕ СТОЈАНОВСКИ – лев бек
- МАТЕЈ ПЕТРЕСКИ – среден бек
- МИКИ ЛАЗОВ – среден бек
- СТРАХИЊА СИМИЌ – среден бек
- МАРТИН ТОДОРОВ – среден бек
- АУГУСТО М. АРАНДА – десен бек
- МОХАМЕД АХМЕД – десен бек
- МАРТИН ДИМОВСКИ – десно крило
- АЛЕКСАНДАР СИМОНОВСКИ – пикер
- ГИОРГИ ГРИШИКАШВИЛИ – пикер

- КРИСТИЈАН ГРЧЕВСКИ – главен тренер
- БОРО ЃОРЃИЕВ – помошен тренер
- МЛАДЕН ТОДОРОВСКИ – кондиционен тренер

Поврзани вести