Давид Дејвис одново во Египет

Photo: SEHA LEAGUE

Шпанскиот тренер Давид Дејвис е еден од шпанските тренери кои од Македонија лансираа успешна тренерска кариера и станаа меѓу најбараните на пазарот.

Дејвис минатата сезона беше на кормилото на Динамо Букурешт, но уште во текот на сезоната беше договорено нивната соработка да заврши една година порано.
Се споменуваше неговото име, заедно со уште неколку други позати тренери како потенцијален кандидат за тренерското место во Еурофарм Пелистер. Дали било точно или не сега е небитно, битолчани одбраа друг шпански тренер, а Дејвис се враќа во Египет каде што веќе има работено. Тој ќе ја води екипата на Ал Ахли каде што работеше од 2022 до 2024 пред да премине во Динамо.
Дејвис во Ал Ахли ќе го наследи Стефан Мадсен кој од оваа сезона е тренер на ПСЖ.

Поврзани вести