Кубански емигранти во Шпанија, Македа си оди од Келце...

Photo: SEHA-League

Шпанската екипа Хуелва регистрираше три кубански ракометари – Диосел Рондон, Хорхе Прент и Дарил Гонзалез. Ова се тројцата Кубанци кои избегаа од кампот на репрезентацијата во Франција, за време на подготовките за СП Хрватска 2025. Тројцата емигранти не беа регистрирани досега поради административни процедури.

Хрватскиот голман Сандро Мештриќ заминува од екипата на Келце. Полскиот тим официјално му се заблагодари за услугите во последните две сезони. Се очекува Мештриќ да премине во редовите на Мешков Брест.

Поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, тунискиот бек Мухамед Суси го продолжи договорот, па така и наредната сезона ќе игра за екипата на Ал Салмија од Кувајт.

Полскиот вицепрвак Келце, нема да го продолжи договорот со шпанскиот бек Хорхе Македа. Неговиот договор истекува следната година и тој заедно со Алекс Душебаев ќе заминат од клубот. На нивното место ќе дојдат Лука Кларица и Жилиен Бос.






 

Поврзани вести