Најави крај по 19 години во ист клуб

Photo: Rhein Neckar Loewen

Патрик Гроцки, десното крило на Рајн Некар Ловен (РНЛ) и поранешен стартен репрезентативец на Германија објави дека ја игра последната сезона во кариерата.

Патрик Гроцки (36) целата своја кариера ја мина во РНЛ, а во моментот кога ќе се биде означен крајот ќе има комплетирано 19 сезони во дресот на овој клуб. Веднаш потоа, продолжува во менаџментот на клубот.

Во пресрет на последната сезона, Гроцки има одиграно 549 натпревари за РНЛ и постигнато над 1600 голови. За Германија има одиграно 173 натпревари и постигнато 410 голови.

Поврзани вести