ГРК Охрид двапати домаќин на Баку

Фото: ГРК Охрид

Екипата на ГРК Охрид си го трасираше и расчисти патот кон третото коло во ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот тим не само што фаворит на хартија за пласман во следната елиминациска рунда, туку успеа да ги договори противниците од Азербејџан, двата меча да се играат во „Билјанини извори“, па така ќе ги поштеди своите ракометари од долгото патување до Баку, од каде што доаѓа нивниот следен противник.

Охриѓани потврдија дека е постигнати договор со Азербејџанците и можат со избегнати стресови околу организирање на патување до Азербејџан да се подготвуваат за Суперлигата и да гласно да размислуваат за третото коло од ЕХФ Европскиот Куп во кое исто така ќе биде носители во ждрепката.

 

Поврзани вести