Милосављев ќе потпише за Келце

Фото: SEHA League

Поранешниот голман на Вардар, српскиот интернационалец Дејан Милосављев ја игра последната сезона во дресот на германскиот Фуксе Берлин. Следната година, ќе биде на голот на полскиот вицепрвак Индустрија Келце, објави српскиот портал Хендбал планет.
Дејан Милоављев откако замина од Вардар со победничкиот пехар од ЛШ во 2019 година, премина во редовите на Берлин и беше еден од клучните ракометари за подемот на овој клуб и неговата прва шампионска титула во Германија.
Играше и во финалето на ЛШ во Келн минатиот месец, но не успеа да го повтори подвигот од 2019.

Келце спрема поголеми реформи за следната сезона кои ќе бидат одбележани со крајот на династијата Душебаев. Доаѓаат неколку нови ракометари, но факт е дека послед Андреас Волф овој клуб немал голман на ниво какво што сакал да има. Дејан Милосављев сигурно ќе може да одговори на тој предизвик.

Поврзани вести