Се разделија Веспрем и Штербик

Photo: SEHA /Archive

Управата на Веспрем реши да го раскине договорот со тренерот на голманите Арпад Штербик, со ефект од почетокот на сезоната.
„Сакаме да ја градиме оваа област во клубот со поинаков пристап и нов правец. Засега, таа позиција ќе биде решена со тренер од домашниот погон“, објасни Веспрем во краткото соопштение и му се заблагодари на Штербик за петгодишната соработка во која освоија три домашни шампионски пехари, двапати победија во Куп и еднаш го освоија Светското клупско првенство.

Поврзани вести