Фото: РК Еурофарм Пелистер
Актуелниот првак на Македонија, екипата на РК Еурофарм Пелистер ја почна втората фаза од подготовките за претстојната сезона во која ќе го брани шампионскиот пехар во домашната Суперлига и ќе ја претставува Македонија во ЕХФ Лигата на шампионите.
Битолскиот клуб е на подготовки во Златибор, Србија каде што новиот тренер Рубен Гарабаја ќе ја подобрува физичката подготвеност на ракометарите и ќе ги запознава со својот систем на работа.
Првите импресии што ги споделуваат битолчани за новиот тренер се позитивни. Шпанскиот систем на работа суштински не им е непознат, веќе имаа шпански тренер, новитетите што ќе ги донесе Гарабаја во однос на Раул Алонсо ќе ги учат низ тренинзите.
Е. Пелистер на дело во Македонија ќе го видиме на турнирот што месецов ќе го организира екипата на ГРК Охрид.