Германскиот првак исфрлен од ЛШ

Photo: MKDhandball

Шампионот на Германија, екипата на Лудвигсбург е исфрлена од Лигата на шампионите затоа што клубот аплицираше за банкрот, а во меѓувреме и ги ослободи ракометарките од договорите.
ЕХФ не чекаше долго и објави дека Лудвигсбург нема да игра во ЛШ следната сезона, а нивното место го зазема норвешката екипа Сола. 
Приказната на германскиот шампион тука не завршува, почната е постапка против нив и сигурно ќе следува казна, суспензија, но и казна за германската федерација. 

 

Поврзани вести