И Вардар со победа влезе во новата сезона

Фото: ГРК Охрид

По Е. Пелистер и Алкалоид, победнички во новата сезона влезе и екипата на РК Вардар 1961. Црвено-црните одиграа контролен меч во Пехчево, каде што противник им беше екипата на РК Бутел Скопје.

Натпреварот заврши со победа на Вардар 1961 од 33-21. Иван Чупиќ ги поштеди Борозан, Еспиња и Пинто, а Горан Кузмановски шанса им даде на сите расположливи играчи.
По оваа загревачка средба, двата клуба продолжуваат со контролни натпревари покрај езерото, каде што Вардар ќе игра на турнирот што го организира ГРК Охрид, а Бутел Скопје ќе игра во Струга.

Поврзани вести