Хановер лесно на крај со Кадетен Шафхаузен

Photo: Archive/IHF

Екипата на Хановер-Бургдорф со која македонскиот Алкалоид на последниот ден од месецов ќе го игра првиот квалификациски натпревар за пласман во групната фаза на ЕХФ Европската лига, учествуваше на силен меѓународен турнир што се одржа во Германија.

Хановер-Бургдорф го освои третото место, откако во последниот натпревар, без поголеми проблеми славеше победа над Кадетен Шафхаузен (30-26). Претходно на пенали го совлада тимот на Гумерзбах, а беше поразена од победникот на турнирот, данскиот Алборг, кој во финалето славеше победа над Хамбург.

Поврзани вести