Берлин се спрема за разделба со тренерот

Photo © Max Petershans / CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons), CC BY-SA 4.0

Екипата на Фуксе Берлин минатата сезона го постигна својот најголем успех со освојувањето на шампионскиот пехар во Бундеслигата и пласманот во финалето на Лигата на шампионите каде беа поразени од Магдебург.

Нема двојба дека лавовскиот дел од заслугата е на тренерот Јарон Сиверт кој има само 31 година, а веќе ја почна шестата сезона во клубот, можеби последната.
Германските екипи вообичаено тренерските и играчките прашања за кои се сигурни ги решаваат година-два однапред, а договорот на Сиверт истекува во 2026. Не само тоа, туку веќе неколку месеци се шпекулира дека нема да има нов договор, дури веќе и се споменува и името Флоријан Керман како решение за клупата. Од клубот само ги подгреја информациите велејќи дека најголемите грешки се прават во време на големите успеси и затоа тие се сега многу внимателни. Сиверт е со нив веќе шеста година и прашањето е кога е вистинскиот момент тој да почне нешто ново.

Поврзани вести