Итуриза и Липовина во ист клуб во Кувајт

Photo: Kuwait Club

Кубанскиот пивот кој настапува за репрезентацијата на Португалија и за екипата на Порто, по десет години минати во „Драгао“ ќе исплови од најпознатото португалско пристаниште и ќе се пресели во редовите на Кувајт Спорт.
Овој трансфер одамна го најавивме, а денеска официјално беше промовиран корпулентниот ракометар во кувајтската екипа.
Кувајт Спорт промовираше не едно туку две познати имиња. Освен Виктор Итуриза, во нивните редови доаѓа и поранешен ракометар на Металург (2014), црногорскиот бек Владан Липовина со договор на две години. За разлика од Итуриза кој прв пат ќе игра за екипа од Блискиот Исток, Владан Липовина веќе има искуство и од 2023 игра за Ал Кадсија, а во 2017 играше и за Ал Наср.

Поврзани вести