Валеро Ривера одново го води Катар

Фото: РФМ

Легендарниот шпански тренер Валеро Ривера одново е селектор на машката сениорска репрезентација на Катар.
Валеро Ривера (72) во својата 40 годишна кариера има водено само три тима. Од 1983 до 2003 беше тренер на Барселона, од 2003 до 2013 селектор на Шпанија, а од 2013 до 2023 селектор на Катар. По краткиот прекин, одново се враќа на клупата на Катар со кого го поврзуваат пет златни медали од азиските шампионати и легендарното сребро на СП Катар 2015, технички најдобро организираниот ракометен мундијал на сите времиња.

 

Поврзани вести