Дани Гордо се раздели со Американците

ФОТО: cbhb.org.br

Шпанскиот тренер Даниел Гордо нема да ја води екипата на Калифорнија Иглс на Светскиот клупски Куп во Каиро следниот месец. Гордо со американскиот тим обезбеди пласман на клупскиот мундијал преку квалификации што се одржаа во јули во Вест Гејт Казино во Лас Вегас, со учество на екипи кои се непознаница и за најголемите ракометни познавачи. Но, за секој случај, Гордо во Лас Вегас го поведе и Исаја Гвардиола, прекален ракометар кој таму го одигра својот последен официјален меч пред да се врати во Германија каде почна тренерска кариера.
Клупскиот мундијал ќе се одржи во Каиро, но Даниел Гордо одлучи да си остане во Шпанија и да го тренира Адемар Леон кој има многу обврски во тој период.

Поврзани вести