-
20.8.2025
-
Македонски ракомет
Фото: ГРК Охрид
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР - ТРИМО ТРЕБЊЕ 32-32 (14-15)
Екипите на Е. Пелистер и Тримо Требње одиграа нерешено 32-32 во второто коло од турнирот што се одржува во Охрид.
Поблиску до победата беше екипата на Тримо која бранеше минимална негатива во последната минута. Но, откако „решавачкиот“ шут за реми од Ник Хенигман заврши во пречката, топката се одби во рацете на битолчани кои добија шанса од „втора“, а овој пат едно од засилувњата што остави подобар впечаток, полскиот десен бек реализираше за 32-32 и тоа беше конечен резултат.
Во текот на натпреварот, по израмнетите 20 тина минути, Словенците имаа подобар период кој во 38 минута ги доведе до плус пет во неколку наврати, а имаа и напад за плус шест. Тој напад беше зицер, но новиот голман, Сеид Хеидарирад го одбрани, по што се сменија и редот на настаните, па Еурофарм Пелистер не само што израмни, туку во 53 минута имаше и плус два (28-26).
Имаше доста тактизирање и комбинирање на играчи и постави на овој меч, за кој треба да напоменеме и дека не настапија Филип Кузмановски и Осама Хосни.
Утре, екипата на Пелистер ќе игра против скопски Вардар.
Поврзани вести