Охрид го совлада Партизан и нишани кон финалето

Фото: ГРК Охрид




ГРК Охрид се закити со победа над звучно име на меморијалниот турнир. Домашните го совладаа тимот на Партизан (30-25) и утре против Нексе ќе играат за место во финалето на турнирот.

Голема улога во победата на охридскиот тим имаа голманот Чаневски кој имаше 11 одбрани, Анте Иванковиќ кој постигна осум и Дарко Ѓукиќ кој беше стрелец на шест погодоци.
 

Резултати:
Охрид – Партизан
Е. Пелистер – Тримо 32-32
Нексе – Киндил 28-20

Денеска:
16:30 Партизан – Киндил
18:45 Динамо - Тримо
21:00 Е. Пелистер – Вардар 1961

Поврзани вести