Домен Макуц потпиша за Кил

Photo: IHF/Kolektiff

Словенечкиот плејмејкер Домен Макуц следното лето ќе го напушти тимот на Барса и се сели во редовите на Кил. Шпекулацијата циркулираше извесно време, а сега официјално ја потврди германскиот клуб.

Кил минативе две сезони се обиде да го реконструира тимот со помлади играчи, но не успеа да го задржи нивото и втора сезона по ред ја пропушта Лигата на шампионите. Макуц во Кил веројатно би бил замената за Домагој Дувњак која најави, но не потврди крај на кариерата. Таму би делел минути со Елијас Скипаготу, а партнери во бековската линија би му биле Јулијан Костер, Никола Билик и Ерик Јохансен од левата страна и Емил Мадсен и Харалд Рајнкинд од десната.

Поврзани вести